Во чест на денот на шегата Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ и невладината организација „Уне, Груаја“ (Албанија) организираат ликовен конкурс на тема „Живиот свет на Охрид и околината“ посветен на екологијата на Охридскиот регион.
Изработките треба да бидат од отпадни материјали со цел да се подигне свеста за рециклирање. Големината да не надминува 50 см во висина.
Конкурсот трае од 01.04.2025 до 15.04.2025 и е наменет за сите деца од училишна возраст, а исто така за децата со посебни образовни потреби (посебни категории).
Изработките со име и презиме и телефон на родител треба да им се предадат на одделенските наставници.
По обjавувањето на резултатите ќе биде организирана изложба на најдобрите творби, информираат организаторите.
OhridNews