Во рамките на ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности) програмата секоја година во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која има за цел да ги анимира младите, да го промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата, велат од ОО Црвен крст Охрид.

Оваа година неделата ја одбележуваме со Ликовен конкурс на тема „Промоција на хумани вредности” за деца во основните училишта, поделени во две категории- за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение. Може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор. Творбите треба да бидат доставени во општинската организација на Црвен крст Охрид од 12ти до 27ми септември 2022 година, велат.

За најуспешните во двете категории, додаваат, следува викенд за цело семејство во Струга во одморалиштето на Црвен крст, Солферино.

Цртежот треба да се достави до Црвен крст Охрид и треба да ги содржи следните информации – име и презиме на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање (пр. Ана Силковска, VII одд., 14г. , ОУ М.Милевски-Прилеп, акварел). Дополнителни информации може да се добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на телефонските броеви: 070 315 309; 046 262 706.

OhridNews