Општина Охрид објави ликовен и литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта на тема „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови и бои“. Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на општината заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.
Човештвото се соочува со намалување на зелените површини, а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина. Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија, да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент, се вели во повикот.
Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид, а доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс.
Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс. Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел, предмети и украси од пластика и хартија …..). Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра, а право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.
Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000 денари еднократно, второ наградените добиваат по 5000 и трето наградените по 3000 денари.
Повеќе информации за конкусот на следниот линк.
OhridNews