Ликот на Исус Христос и Дева Марија досега можеа да се видат на тост, переци, па дури и во чоколадни трошки, а сега на таа листа може да се придодаде и планетата Марс. Американската вселенска агенција НАСА објави фотографија, која ако се погледне од аголот што одговара, го покажува ликот на Исус Христос.
Фотографијата е снимена на југот на црвената планета. НАСА засега нема коментар, така да останува да се види дали оваа фотографија ќе ја продаде како и многу досега. Еден тостер, стар десет години, намачкан со сирење на кој наводно се гледал ликот на Дева Марија во 2004 година бил продаден на едно казино за 15 илјади фунти.