Во спот кој трае 30 секунди и кој не може да се најде на интернет, еден пар води љубов во мрачна соба, а ликот на мажот не може да се види. Во последниот сегмент на спотот се гледаат цртите на Адолф Хитлер, а потоа и слоганот на кампањата “Сидата е масовен убиец”. Оваа рекламна агенција снимила и неколку слични реклами во кои се појавуваат ликовите на Садам Хусеин и Сталин.


Рекламата ќе биде прикажана следната седмица на Германската телевизија. Сепак организацијата за борба против сидата оценила дека рекламата може да се протолкува погрешно, односно дека заболените, а не самата болест се поврзуваат со Хитлер.