До вториот триумф сезонава, и тоа втор на домашен терен избраниците на тренерот Весна Балазоска стигнаа со подобра игра второто полувреме од натпреварот.
Првите десет минути од мечот домашниот состав ги започна во грч, што резултитарше со голем број технички грешки. Гостите немилосрдно ги казнуваа и првата четвртина им припадна 22-18.
Играта на Лихнидос драстично се промени во вториот квартал. Со серијата измени и агресивната одбрана до крајот на првото полувреме охриѓани стигнаа до минимална негатива (41-40).
Во третиот период охриѓани целосно ја искристализираа играта во двата “правци“. Цврстата одбрана си го направи своето, па така гостите уфрлија само 12 кошеви. “Белите“ нападнаа со целиот арсенал постигнувајќи 21 поен и во последната четвртина влегоа со плус осум (61-53).
Предноста која ја стекнаа охриѓани во третата, љубоморна ја чуваа во решавачката четврта четвртина. Гостите целосно ја отворија играта, не мислејќи на сопствениот кош. Преку контра напади охридските кошаркари од минута во минута го зголемуваа кое на три минути пред крајот на мечот беше изразено со двоцифрена предност (69-57).
Но тогаш следеше недозволено опуштање и “ангелите“ стигнаа на шест негатива и имаа напад. Не успеа да погодат,што значеше почеток на крајот. Во последните две минути охриѓани ја зачуваа и зголемија предноста која на крајот изнесуваше 13 поени разлика.
Мх.П.