Бордо, Манчестер Ј,Реал Мадрид ,Фиорентина, Челси, Барселона, Севиља и Арсенал како првопласирани, Баерн, ЦСКА Москва, Милан, Челси , Порто, Лион, Интер, Штудгарт, и Олимпијакос како второпласирани во своите групи обезбедија пласман во осминафиналето од елитната лига на Шампиони.
Меѓу 16 – те екипи Англија, Италија и Шпанија имаат по три преставника, Франција,Русија и Германија по два, додека Грција и Португалија имат само еден.Меѓу најдобрите екипи натпреварите ги продолжуваат прваците на Шпанија (Барселона), Италија (Интер) Англија (Манчестер Ј), Франција (Бордо), Португалија (Порто) додека првакот на Германија (Волфсбург) ги заврши мечевите.
Најголеми разочарувања по првиот дел се некогашните европски прваци Ливерпул и Јувентус кои ќе продолжат да се натпреваруваат во Лигата на Европа. Покрај овие два клуба од лигата на шампиони во понизок ранг се селат, Волсбуфрг, Марсеј, Атлетико, Рубин, Униреа и Стандард.
Во групната фаза од лигата на шампиони на 96 одиграни натпревари постигнати се 218 гола. По седум голови беа постигнати на четри натпревари и тоа Цирих – Рал Мадрид 2-5, Дебрецен – Фиорентина, 3-4, Фиорентина – Дебрецен 5-2 и Марсеј – Цирих 6-1, додека само седум меча завршиле без постигнат погодок.
Најефикасен клуб е Реал Мадрид со постигнати 15 гола, додека Макаби Хаифа е единствениот тим меѓу 32 – та кој не се радуваше на погодок.
Топ стрелец е Кристијано Роналдо со 6 постигнати гола. Најмногу асситенции направил Луси Фабијано 4. Најмногу удари покрај кон голот упатил Диего Форлан 31 (16 покрај , 15 во рамките на голот),а најчесто во офсајд позиција се наоѓал Филипо Инзаги 14 пати. Најмногу прекршoци направил Ласане Диара 21, додека најфаулиран играч е Диего кој 29 пати бил запрен на недозволен начин.
Дисциплинирани биле играчите во ЛШ, покажани беа 14 црвени картони но ниту еден фудаблер не добил повеќе од еден црвен картон, додека најмногу жолти добил Сивок до Бешикташ 4.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com