Македонската фудбалска репрезентација разигрувањето во Лигата на нации ќе ја чека историската шанса за пласман на Европското фудбалско првенство 2020 година.

Во петок ќе се одржи ждрепката по која ќе биде познато каде ќе се игра финалниот меч во „нашата“ група. Полуфиналните пресметки се Македонија – Косово, Грузија – Белорусија.

Дополнително треба УЕФА да ги одреди останатите групи во разигрувањето за преостанатите три места.

Група А : Исланд, (уште три репрезентации)

Група Б : Бих, Словачка, Ирска, С.Ирска

Група Ц : Шкотска, Норвешка, Србија , (уште една репрезентација)

Група Д : Грузија, Македонија, Косово, Белорусија.

Бугарија, Израел, Романија и Унгарија треба дополнително да се распределат.

Европското првенство кое втор пат по ред ќе се игра со 24 селекции ќе се игра во 12 различни држави во Европа.

Градови домаќини:

Лондон , (Вембли капацитет 90,562 гледачи), Баку (Олимписки стадион 69,870 гледачи), Минхен (Алианц Арена, 70,000), Рима (Олимписки стадион 72,689) Ст. Петерсбург (Крестовски стадион 69,500) Глазгов (Хемпден парк 52,500), Будимпешта (Национален стадион 65,000), Копенхаген (Паркен, 38,190), Билбао (Сан Мамеш, 50,000) Амстердам (Јохан Кројф арена 54,900) Даблин (Авива стадион 51,700) и Букурешт (Национална арена 55,600).

Ждрепката за групите на „мега“ Еврото 2020 ќе се одржи на 30 ноември.

Премиерниот меч ќе се одигра во Рим на 20 јуни, додека полуфиналните натпревари и финалето ќе се игра на 22 јули на стадионот Вембли во Лондон.

OhridNews