Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга Трим и Лум, доживеа елиминација во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони. Попладнево на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, Струга Трим и Лум загуби од литванскиот првак Жалгирис 1:2 (0:0).
А, се можеше да биде поинаку доколку стружани беа малку поумешни, затоа што први дојдоа во водство и тоа во завршната фаза од мечот. Во 76 минута беше досуден пенал за Струга Трим и Лум, кој во водство го претвори Ибраими. И наместо да го затворат мечот, домашните му дозволија на противникот најпрвин да израмн на 1:1 преку Кендиш во 78 минута, а само шест минути подоцна со автоголот на Радиќ и да поведе 1:2, што беше и конечен резултат.
До крајот Струга Трим и Лум се обиде да се врати во мечот, но не успеа да стигне до израмнување.
Жалгирис во следното коло од квалифокациите за Лигата на шампиони оди на двомеч со турскиот гигант Галатасарај, а Струга Трим и Лум мечевите во Европа ќе ги продолжи во квалификациите за Конференциската лига во кои ќе се сретне со црногорскиот претставник Будуќност од Подгорица.
Г.М.