Лигата на шампиони во фудбал која од оваа сезона се игра во нов формат, по пауза од еден месец се врати на спортската сцена. Синоќа на програмата беа девет натпревари колку што ќе се одиграат и денеска. Најинтересно беше во Лисабон каде Бенфика и покрај водството од 4:2, загуби од Барселона 4:5 со голот на бразилскиот ас Рафиња во 97 минута.

Црвена Звезда во Белград губеше по првото полувреме од мечот со ПСВ 0:3. Во вториот дел српскиот шампион постигна два гола, а имаше и играч повеќе од 50 минута, но не успеа да избегне пораз со што и практично ги загуби ионака малите шанси за пласман во следната фаза. Ливерпул на Енфилд ја продолжи победничката серија во елитното натпреварување.

Лига шампиони резултати 21.01.’25.

Атлетико – Баер Л. 2:1
Бенфика – Барселона 4:5
Болоња – Борусија Дортмунд 2:1
Клуб Бриж – Јувентус 0:0
Црвена Звезда Белград – ПСВ 2:3
Ливерпул – Лил 2:1
Слован – Штутгарт 1:3

Вечерва се играат уште девет средби, а дербито е во Париз каде ПСЖ го пречекува Манчестер Сити.

Лига шампиони 22.01.’25

РБ Лајпциг – Спортинг (18:45ч.)
Шахтар – Брест (18:45ч.)
Милан – Жирона (21:00ч.)
Арсенал – Динамо Загреб (21:00ч.)
Селтик – Јанг Бојс (21:00ч.)
Феенорд – Баерн Минхен (21:00ч.)
ПСЖ – Манчестер Сити (21:00ч.)
Реал Мадрид – РБ Салцбург (21:00ч.)
Спарта Прага – Интер (21:00ч.)

На табелата води Ливерпул со максималнен учинок од седум победи во исто толку натпревари и 21 бод. Следат: Барселона – 18, Атлетико М. – 15, Аталанта 14, Арсенал – 13, Баер Л. – 13, Интер – 13, Астон Вила – 13, Брест – 13, Монако – 13, Лил – 13 …

Г.М.