Реванш дуелот од осмина финалето на Лигата на шампиони, помеѓу Ливерпул и Барселона, заврши со победа на Барселона од 1:0 на гостински терен. Но, тоа беше пирова победа бидејќи Англичаните одат понатаму поради повеќе голови во гости. Пласманот на „црвените“ во четвртина финале не е големо изненадување, но затоа пак извонредната победа која ја извојува Рома на гостувањето против Лион – е! Италијанците нападнаа во првото полувреме и го добија со 0:2. Така остана до крај.


Играчите на Рома прославуваат

Останати резултати:

Челзи         –     Порто       2:1     (Челзи оди понатаму)

Валенсија  –     Интер      0:0     (Валенсија се пласира меѓу 8)

Денешни парови:

Милан   –   Селтик

Ман. Јунајтед – Лил

Арсенал   –   ПСВ    и

Баерн      –   Реал Мадрид

С. К.