Македонската фудбалска репрезентација е во лоша форма подолг период. Избраниците на Милески долг период немаат остварено победа, а шанса за рехабилитација ќе имаат вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје на натпреварот од Лигата на нации против Ерменија.
Натпреварот почнува во 20:45 часот.
Во 4 група од Ц лигата денеска уште играат и Латвија и Фарски Острови. Овој меч почнува во 18 часот.
На табелата води Ерменија со 3 бода, Македонија и Фарски Острови имаат по 1, а Латвија е последна без бодови.
Г.М.