Без победник 3-3 (1-2) заврши пресметката помеѓу Германија и Швајцарија, додека Украина со минимални 1-0 (0-0) ја совлада Шпанија во 4-та рунда од А лигата во УЕФА Лигата на Нации.

Селекциите на Германија и Швајцарија одиграа трилер натпревар. Швајцарците констатно беа во водство, но германците секогаш наоѓаа начин да се вратат во игра. Швајцарија со головите на Гаврановиќ и Фрулер поведе со 2-0. „Панцирите“ до крајот на првиот дел намалија на 1-2 со голот на Вернер. После десет минути игра во вториот дел Хаверц изедначи на 2-2, а две минути подоцна Гаврановиќ ја врати предноста за Швајцарија. Конечните 3-3 ги постави Гнабри.

Украина со погодокот на Циганков и го зеде скалпот на Шпанија. Избраниците на Андреј Шевченко погодокот за победа го постигнаа во 76-та минута.

Резулати:

Германија – Швајцарија 3-3

Украина – Шпанија 1-0

Азербејџан – Кипар 0-0

Црна Гора – Луксембург 1-2

Латвија – Малта 0-1

Фарски Острови – Андора 2-0

Лихтенштајн – Сан Марино 0-0

OhridNews