Светскиот вицешампион Хрватска нема по добро да го памети гостувањето на „Мартинез Валеро“ стадионот, откако претрпе убедлив пораз (6-0) од Шпанија во втората рунда во рамките од Лигата на Нации.
Хрватите разочараа со играта и пристапот, а „црвената фурија“ со погодок ја казнуваа секоја гостинска грешка. Убедливата победа домаќините ја најавија на средината од првиот дел кога за десеттина минути постигна три погодоци. За 1-0 во 24-та минута погоди Саул Нигез.Марко Асенсио во 34-та зголеми на 2-0, а минута подоцна Ловре Калиниќ си постигна автогол за негатива 3-0.
Избраниците на Луис Енрике не се задоволија со водството и продолжија да го газат хрватскиот состав. После пет минути игра во второто полувреме Родриго погоди за 4-0. Капитенот Серхио Рамос во 57-та постигна погодок за 5-0, а конечните 6-0 ги постави Иско.
Шпанија со триумфот над Хрватска стигна до втората победа во фазата по групи, а Хрватска и Англија првите бодови ќе ги бркаат во меѓусебна пресметка за месец дена.
Резултати:
Лига А:
Група 2: Исланд – Белгија 0-3
Група 4: Шпанија – Хрватска 6-0
Лига Б:
Група 3: БиХ – Австрија 1-0
Лига Ц:
Група 2: Финска – Естонија 1-0, Унгарија – Грција 2-1
Лига Д:
Група 2: Молдавија – Белорусија 0-0, Сан Марино – Луксембург 0-3
OhridNews