Селекцијата на Србија го освои целиот плен во Подгорица победувајќи ја репрезентацијата на Црна Гора (2-0) во соседското дерби во рамките од 3-та рунда во Лигата на Нации.
Човек на одлука во дербито беше фудбалерот на Фулам, Александар Митровиќ. Офанзивниот фудбалер во првото полувреме прецизен беше од белата точка, а во вториот дел со погодок ја круниса добрата акција на навалната линија.
Со триумфот над Црна Гора репрезентативците на Србија ја задржаа предноста од два бодови пред Романија која со погодок во судиското продолжение славеше над Литванија 2-1.
Резултати:
Лига А
Група 3: Полска – Португалија 2-3
Табела: Португалија 6, Италија 1, Полска1
Лига Б
Група 2: Русија – Шведска
Табела: Русија 3, Турција 3, Шведска 1
Лига Ц
Група 1: Израел – Шкотска 2-1
Табела: Израел 4, Шкотска 3, Албанија 3,
Група 4: Црна Гора – Србија 0-2, Литванија – Романија 1-2
Табела: Србија 7, Романија 5, Црна Гора 4, Литванија 1
Лига Д
Група 1: Фарски Острови – Азербејџан 0-3, Косов – Малта 3-1
Табела: Косов 7, Азербејџан 5, Фарски Острови 3, Малта 1.
OhridNews