Селекцијата на Србија ќе игра во финалето од плејофот во Лигата на Нации, откако на гостински терен славеше триумф 2-1 против репрезентацијата на Норвешка.

Победникот се одлучуваше во продолженија, после ремито 1-1 во регуларните 90-ет минути. На Норвешка и пресуди Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој го постигна победничкиот погодок и голот во регуларниот дел од натпреварот.

Србија во финалето ќе игра со Шкотска. Во преостанатите финални пресметки во плејофот ќе се сретнат Унгарија – Исланд, Северна Ирска – Словачка и Грузија- Македонија. Натпреварите се играат на 12 ноември.

Двојки 1/2 финале:

Унгарија – Исланд

Северна Ирска – Словачка

Србија – Шкотска

Грузија – Македонија

OhridNews