Македонската фудбалска репрезентација на домашен терен против Гибралтар ќе ги заврши мечевите во фазата по групи во Лигата на Нации. „Црвено жолтите“ последниот натпревар во најновото натпреварување на УЕФА ќе го одиграат вечерва во 20 часот и 45 минути.

Во пресрет на шестата рунда од групата А, Македонија има пол позиција и судбината во свои раце. Избраниците на Игор Ангеловски и со бод ќе бидат први во групата, но победата ќе донесе повеќе бенифити.

„Црвено жолтите“ со триумф ќе обезбедат меч пред своите гледачи во 1/2 финалето, што ќе биде голем мотив и предност за пласман во завршницата. Победникот на Ф4 турнирот ќе обезбеди учество на Европското првенство за две години.

  • Фаворити сме и наша обврска е да победиме, без разлика што ни одговара и реми. Не е битно кој ќе игра и како ќе игра, наша цел е да победиме и да обезбедиме меч пред своите гледачи во 1/2 финалето. Гибралтар ќе биде психички растеретен, бидејќи нема ништо што да загуби, а нам ќе ни треба погодок да го отвориме нивниот дефанзивен стил на игра. – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Поради парен број на жолти картони нема да игра капитенот Горан Пандев, а поради повреда надвор од комбинација ќе биде Стефан Спировски. Аријан Адеми ќе биде во конкуренција, откако го пропушти мечот со Лихтештајн и Елиф Елмас и Езџан Алијоски кои ја одлежаа суспензијата од еден натпревар.

OhridNews