Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Тбилиси е поразена од Грузија во рамки на претпоследниот натпревар во групата 4 од Ц-Дивизијата во Лигата на нации.

Македонскиот состав предводен од селекторот Благоја Милевски загуби со 2:0. Грузија поведе со автоголот на Миовски во 35 минута, а конечниот резултат го постави Кваратчелија во 64 минута.

Во црвено – жолтиот дрес вечерва ги немаше стандардните Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов, како и уште неколкумина повредени играчи.

Грузија води на табелата со 13 бодови, а за промоција во Б – Дивизијата и беше доволен и бод на мечот со Македонија која ја совлада два пати во Лигата на нации, откако славеше и во Скопје 0:3.

Во понеделник Македонија во Скопје се среќава со Бугарија.

OhridNews

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com