Во Нион, седиштето на УЕФА беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023.
Македонската репрезентација е во групата 4 од Ц сегментот со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. Нашиот најдобар национален тим натпреварувањето го отвора со гостинска пресметка против Бугарија на 2. јуни 2022 година, потоа на 5 Јуни следува натпреварот со Гибралтар, па на 9 Јуни Македонската репрезентација ќе го одигра првиот домашен натпревар го против Грузија, а на 12 јуни ја пречекуваме репрезентацијата на Гибралтар. Македонија гостува кај Грузија на 23 Септември и завршниот натпревар го игра со Бугарија на 26 Септември.
Бугарскиот селектор Јасен Петков ја оцени жрепката во Нион Како „исклучително добра“ која за противници на неговите фудбалери во Лигата на нации им ги донесе македонската, грузиската и репрезентацијата на Гибралтар.
Петков во изјава за официјалниот сајт на Бугарската фудбалска федерација истакна дека целта на неговиот состав ќе биде да го освои првото место во групата 4 во рамки на Ц-дивизијата.
Поради Мундијалот 2022 во Катар, третото издание на Лигата на нации ќе се одигра во забрзано темпо, со четири кола во јуни и завршните две во септември.
Победниците во четирите групи во Ц-дивизијата ќе изборат промоција во Б-лигата за следната сезона, додека последно пласираните ќе играат бараж за опастанок.
OhridNews