Селекциите на Естонија и Македонија ги поделија бодовите во пресметката од третата рунда во Лигата на Нации ремизирајќи 3-3 (1-1) во фантастичен натпревар исполнет со атомски фудбал. За мечот во Талин уште долго ќе се зборува бидејќи двете селекции одиграа фантастичен натпревар и заслужија најмалку по бод.

Македонија прва поведе на натпреварот со „автоголот“ на Маертан Куск во 3-та минута. Естонците изедначувачкиот погодок го постигнаа во 33-та минута после една добра тимска акција стрелец на голот беше Рауно Сапинен.

Репрезентациите во второто полувреме продолжија отворена игра. Естонците ја искористија првата прилика и со вториот погодок на Сапинен во 61-та минута стигнаа до водство 2-1. Македонија неколку минути подоцна не искористи удар од белата точка. Непрецизен беше Александар Трајковски.

Казната стигна на спротивната страна, кога Франк Ливак од пенал зголеми на 3-1. „Црвено жолтите“ покажаа квалитет и карактер и до крајот на мечот се изборија за реми. На 3-2 намали Горан Пандев, а за 3-3 прецизен беше Ѓоко Зајков.

Македонија со пет бодови во првите три рунди е лидер на табелата. Второпласирана е селекцијата на Естонија со пет бодови, но со послаба гол разлика од нашата селекција.

OhridNews