Селекциите на Холандија и Португалија ќе ги одмерат силите во финалето од завршниот турнир во елитната група во рамките од Лигата на Нации. Турнирот се игра во Португалија.
„Лалињата“ на Португалија во финалето и се приклучија совладувајќи ја репрезентацијата на Англија со 3-1 после дополнителни 30 минути продолжение, откако регуларниот дел заврши без победник 1-1.
Англичаните со погодокот од пенал на Маркус Рашфорд поведоа со 1-0 во првиот дел од мечот. Резултатот го изедначи Матијас де Лихт во 73-та минута. Одлуката за победникот во вториот полуфинален натпревар падна во продолженијата. Во 97-та минута Холандија поведе со 2-1 кога Кајл Вокер сам си ја затресе мрежата како последица на големата грешка на Џон Стоунс. Во моментите кога Англија почна да притиска и ја плетеше мрежата за гол следуваше нова грешка овој пат на Рос Баркли која холанѓаните ја казнија со погодок за убедливо водство 3-1.
Натпреварот за третото место помеѓу Англија и Швајцарија се игра в недела во 15 часот, а финалниот меч на програмата е истиот ден во 20:45 часот.
OhridNews