Португалската селекција е првиот патник во финалето од Лигата на Нации. Европските бразилци во полуфиналето на завршниот турнир ја совладаа репрезентацијата на Швајцарија со 3-1.

„Селесао“ пласман во финалето обезбеди на крилата од Кристијан Роналдо, кој ја реши Швајцарија со три постигнати погодоци. Роналдо првиот погодок го постигна за почетно водство 1-0. Резултатот го изедначи Родригез од пенал. Во самиот финиш од мечот Роналдо со головите во 88-та и 90-та минута и пресуди на Швајцарија и ја одведе Португалија во финалето.

Противници на Роналдо и компанија во финалето на турнирот кој се игра во Португалија ќе биде подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Англија – Холандија. Натпреварот се игра утре (четврток) во 20 часот и 45 минути.

OhridNews