Англиската фудбалска репрезентација се закити со бронзениот медал од завршниот турнир во елитната група во Лигата на Нации совладувајќи ја Швајцарија со 6-5 на пенали, откако регуларниот дел и дополнителните 30 минути завршија без голови 0-0.

Англичаните доминираа во текот на деведесетте минути, но голманот на Швајцарија Зомер и гредата не дозволија погодок. Ситуацијата на теренот не се промени ниту во продолжението. „Гордиот албион“ напаѓаше и креираше шанси, но резултатот остана на променат. Правдата стигна во пенал серијата.

Во првата серија сигурни изведувачи беа Мегвајер и Зубер. Баркли со паненка пенал донесе водство 2-1 за Англија, а Џака со одмерен удар изедначи на 2-2. Санчо погоди за нова предност, но Аканжи повторно изедначи. Стерлинг погоди за 4-3, а Мбабу не погреши и донесе нов егал. Во петтата серија шутираше голманот на Англија Пикфорд кој реализираше, а со иста мера врати шер. Дајер во шестата серија прецизно шутираше, Дрмиќ промаши и Англија се закити со бронзениот медал.

Дуелот во малото финале е најава за финале кое ќе се одигра помеѓу Португалија и Холандија во 20 часот и 45 минути.

OhridNews