Англиската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во четвртата група во А елитата во Лигата на Нации, откако на гостински терен со 3-2 ја совлада селекцијата на Шпанија. „Гордиот албион“ со победата во Севиља и се оддолжи на „црвената фурија“ за поразот на Вембли на почетокот од натпреварите.

Англичаните одиграа маестрални 20-тина минути во кои три пати ја погодија мрежата на шпанците. Во 16-та минута Рахим Стерлинг го отвори резултатот, во 30-та Маркус Рашфорд го дуплираше водството, а Стерлинг со вториот погодок на мечот донесе предност 3-0. Домаќините во 59-та минута намалија на 3-1 со голот на Пако Алкасерес, а Серхио Рамос со погодок во судиското продолжение го ублажи поразот.


Селекцијата на Шпанија и покрај поразот останува на врвот од табелата со шест бодови, но со незгодно гостување во Хрватска која се наоѓа на третата позиција со три бодови дефицит во однос на второпласираната Англија.

Резултати: Исланд – Швајцарија 1-2, Шпанија – Англија 2-3, БиХ – Северна Ирска 2-0, Естонија – Унгарија 3-3, Финска – Грција 2-0, Белорусија – Молдавија 0-0, Луксембург – Сан Марино 3-0.

OhridNews