Екипата на Тотенхем обезбеди пласман во топ 8 во Лига купот елиминирајќи го Челси во осминафиналната пресметка после изведување на пеналите 5-4, откако 90-те минути завршија без победник 1-1.
Трагирачар во пенал серијата беше Мејсон Маунт кој промаши во петтата серија. До тогаш, фудбалерите од двете екипи беа прецизни и не му оставија ниту најмала шанса на голманите да одбранат пенал. Во регуларниот дел Челси поведе со 1-0 преку Тимо Вернер, а резултатот го изедначи Ерик Ламела.
Во утрешните мечеви ќе се сретнат Њупорт – Њукасл, Барнли – Мен Сити, Брајтон – Мен Ју односно Евертон – Вест Хем.
OhridNews