Екипите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити забележаа идентични победи (3-0) и обезбедија пласман во осминафиналето во англискиот Лига Карабао куп.
„Црвените ѓаволи“ славеа против Брајтон, додека „граѓаните“ го совладаа Барнли. За Манчестер Јунајтед головите на „Амекс“ стадионот ги постигнаа Скот МекТоминеј, Хуан Мата и Пол Погба. За Манчестер Сити два пати прецизен беше Рахим Стерлинг, а третиот погодок беше дело на Феран Торес.
Учесниците во топ 8 ќе се комплетираат после натпреварите Брентфорд – Фулам, Астон Вила – Стоук односно Ливерпул – Арсенал.
Резултати:
Њупорт – Њукасл 1-1 (4-5 пенали)
Барнли – Мен Сити 0-3
Брајтон – Мен Ју 0-3
Евертон – Вест Хем 4-1
OhridNews