Манчестер Јунајтед ги комплетираше полуфиналистите во англискиот Лига куп. „Црвените ѓаволи“, билетот го чекираа со триумф 2-0 (0-0) на „Гудисон парк“ против домашниот Евертон.

Пулените на Оле гунар Солскјер победата ја обезбедија со фуриозен финиш во кој постигнаа два погодоци. Резултатот го отвори Единсон Кавани со маестрален погодок во 88-та минута, а, Ентони Марсијал во судиското продолжение ги постави конечните 2-0.

Покрај составот од Олд Трафорд во 1/2 финалето пласман изборија Тотенхем, Манчестер Сити и Брентфорд.

OhridNews