Фудбалерите на Арсенал се пласираа во втората рунда од англискиот Лига куп совладувајќи го Лестер со 2-0 во дербито од првата рунда. „Топчиите“ погодоците за победа ги постигнаа во второто полувреме. Кристијан Фукс со автогол го отвори резултатот, а конечните 2-0 ги постави Нкетијах.

Најубедливи победи во првата рунда забележаа Челси и Њукасл. „Сините“ на домашен терен со 6-0 го преслушаа Барнсли, додека Њукасл со 7-0 славеше на гостувањето кај Морекомб.

Од премиерлигашите пласман понатаму обезбедиjа Фулам, Барнли, Брајтон и Евертон.

OhridNews