Лондонските сини обезбедија пласман во петтата рунда во Лига купот, откако на Енфилд со 2-1 го совладаа составот на Ливерпул.

До триумф во дербито на колото во Лига купот избраниците на италијанскиот стратег Маурицио Сари стигнаа со пресврт во последните десеттина минути од натпреварот. Даниел Стариџ во 59-та минута го отвори резултатот и донесе предност за домаќините. Челси во 79-та минута израмни преку Емерсон, а во 86-та минута Еден Азард погоди за 2-1, што на крајот се покажа доволно за победа.

Најубедлива победа во четвртата рунда извојува Вест хем кој со 8-0 славеше над нисколигашот Максфилд.

Резултати: Арсенал – Брентфорд 3-1, Ливерпул – Челзи 1-2, Нотингем Форест – Стоук 3-2, Вест Хем – Максфилд 8-0,  Тотенхем – Ватфорд.

OhridNews