39-годишниот судија кој е на листата на ФИФА oд 2007 година во оваа сезона судеше осум натпревари од Лигата на Шампиони. Никола Рицоли ја делеше правдата на 1/4 финалниот дуел на Олд Трафорд помеѓу Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен, кога во соблекувалните го испрати младиот репрезентативец на Бразил Рафаел, Рицоли црвен картон му покажа и на Франческо Тоти во финалето од Копа Италија.
Петорката судии во финалето од Лигата на Европа се италијанци, помошници се Кристијано Копели и Лука Маџани. Четврти судија е Џанлука Рочи, додека на гол линиите ќе се најдат Паоло Таљиавенто и Андреа Де Марко.