Голема битка се водеше во реванш натпреварите од осминафиналето на Лига Европа.

Неизвесно беше на сите терени освен во Лион, кој оствари убедлив триумф над ФЦСБ со резултат 3:0. Највозбудливо беше во Глазгов каде Фенербахче по по поразот дома од 1:3 го совлада  Глазгов Ренџерс со 2:0. Победникот беше одлучен по изведувањето пенали. Повеќе среќа имаа домаќините кои славеа со 3:2.

Манчестер Јунајтед оствари важна победа над Реал Сосиедад (4:1) која го носи во следната фаза од натпреварувањето. Ним им се придружи Тотенхем кој со 3-1 го совлада АЗ Алкмар.

Лига Европа, осминафинале:

Атлетик Билбао* – Рома 3:1 (1:2)
Ајнтрахт Франкфурт* – Ајакс 4:1 (2:1)
ЛациоB* – Викторија Плзен 1:1 (2:1)
Олимпијакос – Бодо Глимт* 2:1 (0:3)
Манчестер Јунајтед* – Реал Сосиедад 4:1 (1:1)
Лион* – ФЦСБ 4:0 (3:1)
Глазгов Ренџерс* – Фенербахче 0:2/3:2пен. (1:3)
Тотенхем* – АЗ Алкмар 3:1 (0:1)

*Oди понатаму/Во заграда се резултатите од првите натпревари

Г.М.