Европската куќа на фудбалот (УЕФА) доцна синоќа објави дека од 2021 година под нејзина капа ќе започне да функционира ново клупско натпреварување под име Лига на Европа 2.
Лигата на Европа 2 ќе се игра исто во четврток, како и оригиналното натпреварување со помал број на екипи. Фазата по групи ќе ја сочинуваат 32 екипи поделени во 8 групи, а шанса ќе добиваат клубовите од земјите со послаб рејтинг.
Во новото натпреварување свои преставници ќе има Македонија која не котира високо во клупскиот фудбал. Македонските клубови само еднаш учествуваа во фазата по групи во Лигата Европа, а неколку пати стигнуваа до последната пречка во квалификациите.
Шампионот во Лигата на Европа 2 ќе обезбедува директен пласман во Лигата на Европа следната сезона.
OhridNews