Лифтозом е третман за инстант разубавување со проколаген и термолифт маска која придонесува за зголемување на еластичноста на кожата и враќање на нејзината свежина.
Тајните на третманот:
Проколагенски концентрат-специфично дизајниран концентрат на проколаген со моќ на длабинско навлегеување во кожата и зачувување на природната еластичност и тонус на кожата.
Guinot терапевт го нанесува проколагенскиот концентрат со лесна масажа подготвувајќи ја кожата за термолифт маската. Термолифт маска- ефектот на лесно и пријатно затоплување на маската овозможува длабоко навлегување на активните состојки од проколагенскиот концентрат. По неколку минути термолифт маската преминува во цврста коензистенција овозможувајќи ефект на затегнување и подигнување на контурите на лицето.
Лифтинг масажа – со специфички масажни движења надополнети со антириден серум се постигнува одличен резултат на подобрување на циркулацијата и оксидацијата кај клетките , а лицето е со младешка свежина и еластичност.
Лифтозом третман за инстант разубавување може ексклузивно да го пробате во Институтот за убавина “Beauty touch“ на Кеј Маршал Тито 14 А, до студентскиот дом.