Екипата на Лидс и математички ја обезбеди шампионската титула во „Чемпионшип“ дивизијата во Англија и после пауза од 16 години ќе биде дел од Премиер лигата.

Кам бекот на Лидс во елитата ќе биде одлична прилика за македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски за блесок на големата сцена во англискиот фудбал.

Алијоски ќе биде шестти македонски фудбалер кој играл во Премиер лигата. Претходно дел од англиското фудбалско друштво беа Гоце Седлоски, Артим Шаќири, Горан Попов, Ѓорѓи Христов и Дејан Илиев.

Последен пат Лидс во Премиер лигата играше сезоната 2003/04.

OhridNews