Повратникот во англиската фудбалска елита, Лидс запиша нови три бодови на табелата, совладувајќи го Барнли на „Иланд Роуд“ со минимални 1-0 (1-0) во воведниот меч од денешната програма во Премиер лигата.

„Белите“, погодокот за победа го постигнаа на стартот од натпреварот. Офанзивецот Патрик Бамфорд во петтата минута прво изнуди удар од белата точка, а потоа успеа да го реализираа. Двете екипи имаа неколку прилики за погодок, но резултатот не се промени и Лидс забележа значајна победа, после убедливиот пораз од Манчестер Јунајтед со 6-2 на Олд Трафорд.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски го одигра целиот натпревар и учествуваше во неколку ветувачки акции за погодок.

Со новите три бодови, Лидс се искачи на 11-та позиција, а, Барнли останува на 16-та позиција со само два бодови повеќе од 18-то пласираниот Фулам кој се наоѓа во опасната зона.

OhridNews