Третопласираниот на табелата во Чемпионшипт дивизијата, Лидс финансиски е казнет со 200 000 фунти за шпиунирање на Дерби, пред нивниот дуел на 10 јануари.

Тренерот на Лидс, Марко Бјелса пуштил свои луѓе на тренингот кои му откриле тајни. Фудбалерите максимално ги искористија советите и тој меч го добија со 2-0. Челниците на втората по ранг лига во Англија го разоткрија Лидс и казнија за неспортскиот потег.

Во текот на целата истрага екипата на Лидс соработуваше и покажа голема професионалност. Клубот ја призна вината и ја прифати казната од 200 000 фунти. Лидс е опоменат за неспортскиот потег и ако го повторни во иднина ќе биде казнет финансиски и со одземање на бодови. – стои во соопштението.

Во екипата на Лидс настапува македонскиот репрезентативец Езцан Алијоски. Офанзивниот фудбалер ужива голема доверба кај тренерот Бјелса. Лидс се бори за првите две позиции на табелата кои водат во Премиер лигата.

OhridNews