Лидерската средба меѓу четворицата лидери на најголемите политички партии во Македонија во присуство на амбасадорите на САД и ЕУ е во насока на давање на заедничка поддршка на демократските вредности како и правото на мирен протест и осуда на насилството.

Ова се вели во заедничката изјава на политичките лидери во којашто се додава дека се согласиле да продолжат со дијалогот за унапредување на евроатланската агенда за доброто на граѓаните, јавува „Макфакс“.

На паузата, лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи заеднички ги усогласуваа ставовите додека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев разговараа одвоено со своите соработници.

Од СДСМ брифираат дека на средбата сите страни ги изнеле своите ставови за разрешување на политичката криза, дека тие не отстапуваат од своите барања за оставка на Владата, формирање на преодна Влада со мандат за спроведување на избори.

Амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав на средбата се во својство на набљудувачи без конкретен предлог за надминување на кризата.

Учесниците побараа и пауза, при што лидерите на ДУИ и ДПА пиеја заедничко кафе , додека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останаа со своиоте соработници.

OhridNews
Извор:„Макфакс“