Се очекува на средбата Груевски и Црвенковски да се договорат околу Изборниот законик, прочистувањето на избирачкиот список, како и за другите предуслови за фер и демократски избори.
Помалите политички партии побараа да се одржи лидерска средба на која ќе се усогласат ставовите околу предвремените избори.
Евентуалниот договор помеѓу лидерите на најголемите политички партии би можел да ја врати опозицијата во Собранието каде треба да се изгласаат изборните закони.