Ракометарите на Охрид се поразени од лидерот во Супер лигата Еурофарм Пелистер, во натпревар од што во рамки на плејофот се одигра денеска во Битола. Пелистерци славеа 34:25.
Охрид кој од трибините ја имаше поддршката од најверните навивачи „Рибари, пружи солиден отпор во првото полувреме кое домаќинот го доби 16:13, но екипата на Раде Стојановиќ немаше сили за нешто повеќе во второто полувреме кое Еурофарм Пелистер го доби исто така со три гола разлика.
Во следното коло од разигрувањето за титулата и местата кои водат во Европа, кое на програмата е идниот викенд,ГРК Охрид дома го пречекува „Тиквеш“.
Г.М.