Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во третата рунда од Втората АБА лига на домашен терен во „Билјанини Извори“ ќе го пречека составот на Вршац. Ривалот на „галебите“ во регионалното натпреварување со две победи и најдобра кош-разлика се наоѓа на првата позиција од табелата и како фаворит ќе допатува во Охрид.
– Не треба да се зборува за квалитетот и амбициите на Вршац во оваа сезона. Мислам дека тие имаат капацитет да се носат рамо до рамо со екипи од АБА лигата. Сепак, ние си имаме обврска и не смееме да се предадеме пред време и да им поклониме лесни бодови. – рече Петар Чочороски.
Натпреварот со Вршац за охридските кошаркари ќе биде можност за бистрење на главите после турбелетниот меч со Фени Индустри во Кавадарци.
– Мечот во АБА лигата добро ќе ни дојде, бидејќи имавме турбелентен викенд и пораз кој сигурно долго ќе го паметиме поради судиските неправди. Во АБА лигата без разлика на името на противникот ние ќе се надигруваме и ќе одиме на победа. – додаде Антонио Донески.
Дуелот во „Билјанини Извори“ се игра во среда со почеток во 17 часот, а вратите се отворени за сите љубители на кошарката и спортот во Охрид.
OhridNews