Актуелниот бранител на двојната круна и лидер во првенството Вигор Скопје стигна до втората победа во овогоднешните пресметки со охридската Билјана 006. За охриѓанки ова е втор пораз во серија, кој ги остава на третата позција на табелата.
Недоволни за победа беа поените на Балазсока (23) бидејки во охридскиот тим немаше многу расположени кошаркарки за надигрување со лидерот кој благодарение на одличната одбрана во првиот и третиот период направи разлика која успеа да ја сочува до крајот.
Домашните немаа против игра за незадржливата Раденковиќ која натпреварот го заврши со 31 поен, додека од големa помош и беше и Лескароска која уфрли 16 поени.
Од записникот:
Билјана 006 – Вигор Скопје 56-77(10-23, 17-12, 8-19, 21-23)
С.Сала Б. ИЗвори. Гледачи 50. Судии Поповски Зоран од Битола и Мицкоски Драге од Струга. Делегат Божиноски од Битола
Билјана 006: Ангелоска, Рајчиноска 6, Балазоска 23, Цветановска 11, Гавриловска, Н.Кузеска 6, Горичан, Миладиновска 10, Ј.Кузеска, , Сидорова;
ВИГОР СКОПЈЕ: Секуловска, Стефановска 4, Лескароска 16, Агиќ 3, Ацковска 9, Павловска, Иванова, Тантуровска 4, , Стојановска 4, Домлевска 6, Раденковиќ 31;
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com