АМАК СП – Фени Инд (18 часот)
– Не треба да се трошат зборови за силината на кавадаречкиот состав –вели за ohridnews Игор Гацов . Тоа што се лидери во шампионатот сепак ке биде поголем мотив за нас и за публиката да дојде да ја исполни салата до последното место. Ние го браниме нашиот терен каде досега не сме претрпеле пораз.
Несреќниот пораз минатото коло во дуелот со Вардар е заборавен, а благодарение на прекрасното време во Охрид играчите имаат доволно време да се релаксираат и со наполнети батерии да му пристапат на утрешниот натпревар .
– Поразот од Вардар беше трет во серијата несреќни порази, по Струмица и Работнички, имавме удар за победа не го погодивме и загубивме, но тоа е спортот. Денес победуваш утре губиш. Одиме понатаму -потенцираше Гацов
Младиот тим на АМАК успеа да стопи дваесет поени предност, но не успеа да го зададе последниот удар. Лесно стигнуваме, но и лесно испуштаме вавки предности.
– Секој нов натпревар за нас е ново искуство, ова се млади момци кои од секој натпревар може да научат нешто ново.Оваа екипа има иднина , има квалитет и ќе го покажеме тоа на натправарите што следат – завршува Гацов
Пред утрешниот натпрвар на ситни повреди се пожалија Тасески и Вегов но се очекува да стиснат заби и да се обидат да стигнат до скалпот на лидерот .
На останатите натпревари играат :
Карпош Соколи 2000 – Мзт Скопје – (Скопје, СРЦ “Кале“ – 19.00 часот).
Маврово – Фершпед Работнички (Гостивар, сала “Младост“ – 17.00 часот).