Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од членови од Извршниот одбор, пратеничката група и општинското раководство на партијата беше во посета на Струга. Тој го посети струшкиот Градски пазар, чаршијата и дел од централното градско подрачје каде оствари непосредни средби со граѓаните и се запозна со проблемите со кои се соочува Струга и нејзината околина.
-Мултиетничка Струга ја видовме и по чаршијата, ја видовме и на пазарот и овде покрај плажата и насекаде во било кој дел од секојдневието на Струга можеме да заклучиме дека народот наш живее заедно и единствено заедно ја гледа иднината на оваа наша земја. Целта на овој значаен период е да разговараме за актуелните проблеми на граѓаните. Следуваат многу значајни месеци за Македонија коишто ќе ја дефинираат нашата заедничка иднина. Се надевам дека овој период ќе изградиме одлични концепти и политики коишто ќе бидат доволно вредни за нашиот народ да ги препознае и да даде поддршка кога треба да се случат промените во Македонија, изјави Зоран Заев.
Oсвен Струга, раководството на СДСМ денеска ќе биде во посета на уште неколку населени места во Струшкиот регион, а ќе оствари средби и со жителите на општина Вевчани.
OhridNews