Лидерот на грчката радикална левица СИРИЗА, Алексис Ципрас, деновие во Вашингтон истакнал дека сложено име со географска одредница би било прифатливо како решение за името на земјава.
Уште од 90-тите години, ставовите на оваа грчка партија се поклопуваат со ставовите на владата и опозицијата на нашиот јужен сосед.
Како што пренесува дописникот на МИА од САД, Ципрас во едно интервју се чудел на прашањето за малцинското население во Грција, негирајќи го присуството на Турците, Албанците и Македонците во северниот дел на оваа земја.
Инаку, Ципрас се наоѓа во главниот град на САД, каде со помошникот заменик министер за надворешни работи одговорен за европски прашања Ерик Рубин, ги пренел видувањата за надворешната политика кон Турција, Кипар и Македонија.
OhridNews