По истото сценарио како и минатиот пат, лидерот Милано со гол во финишот и победа го напушта Велмеј. На првиот натпревар стрелаше Глигоровски во 92-та сега Исуфи во 87 м

Илинденци мотивирани влегоа во натпреварот, и по воведното испитување на силите првата прилика ја имаа преку расположениот за игра Оџа кој по одличниот соло продор биеше покрај голот на Марковски. Како одминуваше времето така лидерот ја наметнуваше својата игра а со удари од далчина се обидуваа да стигнат до водство, ударите на Керими, Коњановски и Аломеровиќ успеаваше да ги скроти Абди па со 0-0 се замина на одмор .

Продолжи отворената игра од двете страни, кај домаините во неколку наврати се заканаа Ѓоршески и Оџа , додека гостите преку Аломеровиќ и Али се обидуваа да стигнат до предност.Најубавата прилика на мечот ја имаше Али  по одличниот соло продор се ослободи од својот чувар, биеше топката го совлада Абди но пречката беше сојузник на домашниот голман.

Кога сите очекуваа реми, по едно недоразбирње на потесната одбрана на Илинденци профитираше Исуфи кој најдобро се снајде и од 5 метри ги доведе гостите во водство кое значеше три бода.

По завршувањето на средбата гостинскиот тренер Соколи изјави: “Задоволен сум од постигнатиот резултата, им се заблогадарувам на домакините за одличниот прием,се надевам дека оваа екипа брзо ке се врати во втората лига“.

Инаку на средбата не допатува делегатот па  четвртиот  судија на натпреварот Блажевски ја извршуваше делегатската функција.

статистика:

Стадион с .Велмеј.Гледачи 300 ,Судија Петар Вељанов, Помошници Панде Атанасов , Златко Стојаноски, сите од Битола.

Стрелец : Исуфи 87 м.

Жолти картони Ѓоршоски ,Грујоски Матески (И),Ќерими ,Трајковски (М)

Илинден : Абди , Велески ,Пашоски ,Митрески ,Грујоски ,Матески М ,Мурџоски  , Матески Д ,Матески Р ,Ѓоршески ,Оџа

Милано : Марковски ,Трајковски ,Георгиевски ,Ристов – Сали 90 ,Стојанов ,Андонов  – Демири 54, Аломеровиќ – Исуфи 70 ,Ќерими , Коњановски ,Али ,Мисердовски.

Мирко Постоловски