Лидерите на Европската унија денеска испратија писмо до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во кое изразуваат сочувство за големата загуба на човечки животи во разорниот земјотрес и најавуваат Донаторска конференција за санирање на последиците.

Нашите мисли се со сите семејства кои изгубија најблиски…На повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овие страшни околности им оддаваме почит на храбрите спасувачи кои деноноќно работат за да спасат животи. Европската унија и нејзините земји-членки се солидаризираат со народот на Турција и Сирија соочени со оваа трагедија, се вели во писмото.

Лидерите наведуваат дека веднаш по земјотресот „дале се од себе за брзо да обезбедат помош за да помогнат во ублажувањето на страдањата во погодените региони“.

Потсетуваат дека Европската комисија и Шведска, како претседавач со ЕУ, во март во Брисел организираат „Донаторска конференција за собирање средства за поддршка на граѓаните на Турција и за Сирија“.

OhridNews