Лидерите на земјите членки на Европската унија денеска ја потпишаа  Берлинската декларација, со која се предвидува фундаментално обновување на институциите на ЕУ во 2009 година.

Со векови Европа е идеја, надеж за мир и разбирање. Таа надеж се исполни. Европското единство ги направи можни мирот и благосостојбата. Тоа ни донесе чувство на заедништво и ги надмина различностите. Секоја држава членка на ЕУ помогна Европа да се обедини. Благодарение на стремежот за слобода на луѓето од Централна и Источна Европа, денес Европа го надмина раздлеувањето. Европското обединување ни покажува дека сме извлекле поука од историјата исполнета со крвави конфликти. Денес живееме заедно и нокогаш претходно тоа не било можно. Ние, граѓаните на Европската унија се обединивме за доброто, стои во текстот на Декларацијата.

Во Декларацијата се наведува дека за ЕУ најважен е човекот. Унијата како што стои во документот ќе се  стреми кон мир и слобода, кон демократија и владеење на законот, заемно почитување и споделена одговорност, кон толерантност, безбедност, праведност и солидарно.

Богатството на Европа се крие во знаењето и умеењето на луѓето во неа – тоа е клучот на растот. Ќе се бориме заедно против тероризмот и организираниот криминал. Ќе ги почитуваме и заштитуваме граѓанските права и слободи. Никогаш повеќе нема да му дадеме шанса на расизмот и ксенофобијата. Се залагаме за мирно решавање на конфликтите во светот. Сакаме да ја победиме сиромаштијата, гладта и болестите. Сакаме заедно да одиме напред во енергетската политика и зачувувањето на природата и да дадеме свој придонес за избегнување на глобалната закана за климатски промени, се вели во Декларацијата.

Инаку на денешен ден во 1957г. – Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска заедница, а сега Европска унија во која членуваат 25 европски земји.

Г.М.