На 24.04.2024 во 19.10 часот, во СВР Охрид е повикано лице од охридското село Пештани кое на избирачко место 1290 во селото Пештани, сторил повреда на тајноста на гласање, согласно член 163 од КЗ, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
За настанот, известен е јавниот обвинител и по целосно документирање, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.
OhridNews