Пливачката Елена Поповска го подобри своето најдобро време за 11 стотники на денешниот настап на ОИ во Пекинг.

Поповска делницата од 100 метри ја исплива за 59.93 што беше доволно за 47-то претпоследно место.

Настапот на пливачката Поповска (18) е уште еден симболичен настап на нашите на ОИ.

По Поповска ќе настапат атлетичарите Ивана Рожман и Реџеп Селман и борачот Мурад Рамазанов.

М.П.