Атлетичарите Кристијан Ефремов, Реџеп Селман и Христина Ристеска постигнаа највредни резултати на атлетскиот митинг во салата „Академик 2010“, кој се одржа викендов во Софија, Бугарија.


      

Ефремов на 400 м постигна личен рекорд (51 секунда) и втор по вредност според ИААФ-табела (6. место). Селман, по една година пауза, оствари трет резултат (6. место) во трискок (14,37 м). Ристеска, пак, на 400 м со личен рекорд (60,57 секунди) и најмногу бодови по ИААФ-табела, го освои 7. место.

Македонската репрезентација настапи со вкупно девет атлетичари.

Ohridnews